• среда, 27 ноември 2024

Во Крушево до 13 часот излезноста е над 34 проценти, а во Долнени двојно помала

Во Крушево до 13 часот излезноста е над 34 проценти, а во Долнени двојно помала

Прилеп, 8 мај 2024 (МИА) - Од трите општини во Прилепско – крушевскиот регион до 13 часот најголема излезност има во Крушево каде за претседателските избори гласале 34,78, а за парламентарните 35,69 проценти од запишаните избирачи.

Во општина Кривогаштани процентот на излезност до 13 часот е 25,24 и за претседателските и за парламентарните избори, а во Долнени до 13 часот за претседателските избори правото на глас го искористиле 12,57, а за парламентарните 17,24 проценти од жителите со право на глас.

Изборите во трите општини се одвиваат непречено и без поголеми проблеми, информираат од општинските изборни комисии. ем/ир

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан