• петок, 03 април 2026

Во Крива Паланка промовирано книжевното првенче на Дара Димитровска "Шепотот на грлицата"

Во Крива Паланка промовирано книжевното првенче на Дара Димитровска

Крива Паланка, 27 март 2026 (МИА)- Првото книжевно дело на паланчанката Дара Димитровска, стихозбирката "Шепотот на грлицата", синоќа беше промовирано во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, во чест на Светскиот ден на поезијата. Промотор на книгата беше поетесата Оливера Станковска од литературниот клуб "Калин".

-Со особена радост и топлина во срцето ја одбележавме прекрасната промоција на првенчето, книга поезија „Шепотот на грлицата“ од нашата сограѓанка Дара Димитровска. Настанот беше посветен на неодамнешниот Светски ден на поезијата, а истиот беше збогатен со инспиративното обраќање на промоторката Оливера Станковска, која со своите зборови ја доближи суштината и емоцијата на поезијата.Посебен шарм внесоа интерпретациите на стиховите од Марица Митева- Станковска, Вања Костовски и Ангела Илиевска, кои со својата изведба ја оживеаја поетската мисла, создавајќи незаборавна атмосфера исполнета со уметност и емоција, наведуваат од НУЦК Крива Паланка.

Вечерта во која присутните споделија љубов за поезијата доби дополнителна магија со музичката илустрација на Теодор Смиљков,

Во Центарот за култура вечер ќе се одржи аудиција за градскиот хор што ќе го формира за првпат оваа установа. иб/вг/

Фото НУЦК Крива Паланка

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан