• среда, 25 декември 2024

Во крводарителска акција собрани 65 крвни единици во Делчево

Во крводарителска акција собрани 65 крвни единици во Делчево
Делчево,  4 август 2022 (МИА) - Во организација на Црвениот крст од Делчево во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, спроведена е крводарителска акција на која делчевските хумани граѓани подарија 65 крвни единици. Специјализантот по трансфузиона медицина, доктор Фикрет Демишовски изрази задоволство што делчевчани константно во последните години се меѓу најактивните крводарители во државата. - Во последните неколку години делчевчани се покаажаа во многу позитивно светло. Денешната акција течеше во најдобар ред без никакви проблеми. Денеска имаме 65 крвни единици, цело време е висока бројката и можам од име на сите на граѓаните да им се заблагодарам на хуманоста, рече Демишовски. На денешната акција активно учествуваа помладите крводарители, од кои дел за првпат подарија од животворната капка. - Одлично е чувството, дарувам првпат и ќе продолжам да дарувам и понатаму, истакна крводарител од Делчево. Од Општинската организација на Црвениот крст Делчево информираа дека крводарителска акција утре ќе биде спроведена со крводарителите од Македонска Каменица. вс/свс/

Остани поврзан