• сабота, 23 ноември 2024

Во Конгресот на САД на 26 октомври расправа за Западен Балкан

Во Конгресот на САД на 26 октомври расправа за Западен Балкан
Вашингтон, 18 октомври 2021 (МИА) - Во американскиот Конгрес на 26 октомври ќе се одржи расправа со наслов „Ангажман на САД на Балканот“, на која треба да се дискутираат насоките на американската политика. Сослушувањето треба да се одржи во 14 часот по локално време, или 20 часот по средноевропско време, според веб - страницата на Одборот за надворешни работи. Пред неколку месеци, искусниот дипломат Габриел Ескобар беше назначен за специјален пратеник на САД за Западен Балкан. паг/

Остани поврзан