• четврток, 26 декември 2024

Во ковид-центарот во Тетово починаа двајца пациенти на 73 и 88 години 

Во ковид-центарот во Тетово починаа двајца пациенти на 73 и 88 години 
Тетово, 28 септември 2021 (МИА) - Двајца пациенти во ковид-центарот во Тетово починале во изминатите 24 часа, информираат од тетовската болница. Починатите се на 72 и 88 години. - Во моментот има вкупно 15 хоспитализирани, од кои 14 на кислородна поддршка и еден на неинванзивна вентилација. За 24 часа се направени 19 прегледи во амбулантскиот дел на ковид-центарот. Примени се двајца нови пациенти, информира Д-р Миранда Пајазити. Во Тетово, според податоците на Институтот за јавно здравје, активно болни има 932 лица. Од вкупно 10798 луѓе кои биле дијагностицирани со Ковид-19, починале 494 лица. ас/цр

Остани поврзан