• сабота, 06 декември 2025

Во Кичево пријавени 27 кандидати за посетување обуки за негуватели/ки

Во Кичево пријавени 27 кандидати за посетување обуки за негуватели/ки

Кичево, 23 март 2021 (МИА) - Во рамките на проектот за подобрување на социјалните услуги, подржан од Светска Банка и Министерството за труд и социјална политика, беше објавен конкурс за обука на негувателки за помош на стари лица и лица со попреченост. На повикот во Општина Кичево се одзваа 27 полнолетни лица од сите возрасти, националности и од двата пола.

- На повикот за обука на негувателки за помош на стари лица и лица со попреченост во Општина Кичево се пријавија 27 лица од двата пола и од сите возрасти. Пријавените во наредниот период ќе посетуваат обуки, по што ќе се стекнат со сертификат  за негуватели/ки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Обуката се спроведува согласно верификуваната посебна програма за негувателки за помош на стари лица и лица со попреченостинформира за МИА, Миле Кочоски од ОО Црвен крст Кичево.

Кочоски појасни дека кадидатите во наредните три месеци ќе посетуваат бесплатни обуки, што ќе ги изведе тричлена екипа составена од лекар, социјален работник и демонстратор за практична настава. за/бт/ 

Остани поврзан