• вторник, 01 октомври 2024

Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната

Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната

Скопје, 29 септември 2024 (МИА) - На улицата „Маршал Тито“ во  Кичево вчера во 13 часот  полициски службеници го привеле Џ.С.(44) од Тетово, соопшти денеска МВР.

Тој бил баран врз основа на издадена наредба од Основниот суд во Тетово и распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ -Скопје, за  доиздржување на казна затвор во траење од една година и девет месеци.

Лицето е спроведено во казнено поправната установа. цр/

Фото: МВР 

Остани поврзан