• недела, 24 ноември 2024

Во Кичево досега вакцинирани 520 граѓани 

Во Кичево досега вакцинирани 520 граѓани 
Кичево, 20 април 2021 (МИА) - Од почетокот на имунизацијата на повозрасните жители на Кичево, во овој град до вчера против Ковид-19, со вакцината на Астра Зенека се имунизирани 520 граѓани и преостануваат уште 80 вакцини од втората пратка за целосно да се потрошат сите 600 дози. Според д-р Џабир Бајрами, директор на Здравствениот дом Кичево, за разлика од најстарата популација над 77 години, кои потешко се одлучуваат да се вакцинираат, граѓаните до 73 години, се повеќе заинтересирани за да ја примат вакцината против Ковид-19. -Во изминатите 12 работни дена откако во Здравствениот дом  ја започнавме кампањата со вакцината на Астра Зенека, досега се имунизирани 520 граѓани и според интересот кој го пројавија жителите на Кичево, наредниве денови ќе имаме минимум 50 сограѓани дневно, кои ќе бидат вакцинирани. За разлика од највозрасните, нешто помладите до 73 години, повеќе се заинтересирани да се имунизираат без страв од можни последици од оваа вакцина.Задоволни сме и од фактот што во сите 520 случаи немаме сограѓанин кај кого вакцината остави потешки последици и очекуваме и наредните денови да продолжи овој тренд, вели Бајрами и појасни оти од вработените во домот вакцинирани се 60 лица, а за целосно да бидат опфатени со вакцинација сите вработени, преостанува да се вакцинира уште администрацијата . Тој исто така посочи дека од наредната недела очекува во Здравствениот дом да пристигне одредена количина од кинеските вакцини на Синофарм, со што се отвора можноста  на граѓаните од избор на вакцина за имунизација против Ковид 19. Бројот на новозаболени во Кичево бележи стагнација, но висок е процентот на починати пациенти. - Што се однесува до бројот на хоспитализирани, нивниот број  денеска изнесува 26 лица, дел со потешка клиничка слика и на кислородна подршка Покрај стагнацијата на новозаболени, сепак е висок процентот на починати. Потврда за намалениот број на новозаболени се денешните бројки, кога од 30 тестирани само девет се позитивни, што е далеку подобро за разлика од пред десетина дена, кога процентот се движеше над 50 отсто, додава д-р Неџат Балажи од кичевската Општа болница. за/цр

Остани поврзан