• вторник, 24 декември 2024

Во Кина спасена жена шест дена по уривање на зграда

Во Кина спасена жена шест дена по уривање на зграда
Пекинг, 5 мај 2022 (МИА) - Спасувачи во градот Чангша во средишна Кина извлекоа жива жена од урнатините на зградата, којашто се урна речиси шест дена претходно, објавија денеска државните медиуми. Засега неименуваната жена е 10-та преживеана по несреќата. При уривање на зградата загинаа пет лица, а десетици се водат како исчезнати. си/ми/

Остани поврзан