• вторник, 24 декември 2024

Во карантин прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос

Во карантин прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос
Атина, 14 август 2020 (МИА) – Центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти на грчкиот остров Хиос од вчера е во целосен карантин, откако се регистрирани два случаи на Ковид-19 кај 35-годишен мигрант смесен во кампот и кај вработена во центарот, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти Министерството за миграција и азил на Грција, претставници на Националната организација за јавно здравје ги проверуваат контактите на потврдените сучаи. Заразениот 35-годишен човек е од Јемен и е хоспитализиран со благи симптоми. Согласно издадената заедничка министерска одлука на министрите за цивилна заштита и за миграција и азил, а во соработка со Националната организација за јавно здравје, прифатниот центар ќе биде во карантин до 25 авгут 2020 година. Тоа значи дека целосно е забранет влез и излез од бегалскиот камп, а привремено се прекинуваат и сите планирани активности на Невладините организаци во центарот, додека пак веќе е засилено присуството на полицијата за почитување намерките. ср/ми/

Остани поврзан