Во Калифорнија продолжени предупредувањата за свлечишта и поплави
- Метеоролозите во Калифорнија денеска прогнозираат континуирани врнежи во Јужна Калифорнија и предупредија на продолжен ризик од лизгања на земјиштето и поплави во регионот.

Сакраменто, 7 февруари 2024 (МИА) – Метеоролозите во Калифорнија денеска прогнозираат континуирани врнежи во Јужна Калифорнија и предупредија на продолжен ризик од лизгања на земјиштето и поплави во регионот.
Во областа Лос Анџелес се најавуваат врнежи од 2,54 сантиметри и движење на дождовниот бран кон исток, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС).
НВС издаде продолжено предупредување за поплави за жителите на одредени области на Јужна Калифорнија. јт/
Фото: ЕПА