• сабота, 06 декември 2025

Во Кавадарци средба на кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи за проблеми на лица со попреченост 

Во Кавадарци средба на кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи за проблеми на лица со попреченост 

Кавадарци, 2 октомври 2025 (МИА) - Подобар живот за лицата со попреченост, е целта на активностите што денеска беа реализирани во Кавадарци во рамки на настанот именуван „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, во организација на регионалниот еколошки центар „Еко - живот“. На средбата беа присутни кандидати за градоначалници и носители на листи, кандидати за советници во општински Совет. 

- Нашето здружение за заштита и унапредување на животната средина во моментот работи на спроведување на проектот поддржан од Владата на Швајцарија, што заеднички го спроведуваме со „Порака Неготино“ од Неготино, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес, појасни Роберто Паризов, претседател на „Еко - живот“. 

Тој подвлече дека основна цел на проектот е подобрена здравствена заштита на лицата за попреченост во сите три нивоа на здравствена заштита.

На состанокот присуствуваа и лица со попречености и членови на нивните семејства. 

Паризов додаде дека активностите се во рамки на проект преку Цивика Мобилитас. свд/вј/


Фото : МИА 

Остани поврзан