• петок, 16 мај 2025

Во Кавадарци се реализира проект „3ајакнување на младите преку нови можности 2“

Во Кавадарци се реализира проект „3ајакнување на младите преку нови можности 2“

Кавадарци, 24 април 2025 (МИА) - „3ајакнување на младите преку нови можности 2“ е насловен проектот што се спроведува во Кавадарци, што има за цел да зајакне млади од ранливите категории и да им го олесни пристапот до пазарот на трудот, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

- На наше задоволство, втор пат во Кавадарци имаме настан кој е дел од проектот „3ајакнување на младите преку нови можности 2“ кој ја зајакнува вработливоста на младите во 6 региони во државата, а Општина Кавадарци е партнер во реализацијата на проектот. СОС Детско село на Република Македонија во соработка со општина Кавадарци, со финансиска поддршка од Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија и Фондацијата Херман Гмајнер го имплементираат овој проект што има за цел да зајакне млади од ранливите категории и да им го олесни пристапот до пазарот на трудот, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Притоа појаснија дека во рамки на проектот, на младите лица достапни им се бесплатни обуки за животни вештини и вработливост, кариерно советување од лиценцирани кариерни советници, психо-социјална поддршка, финансиска поддршка за посетување на курсеви, посредување за идентификување на можности за практиканство и вработување. 

- Една од целите на проектот е да придонесе кон подобрени локални политики за социо-економска интеграција на младите во социјален ризик. Општина Кавадарци заедно со СОС Детско село работи и ќе продолжи да работи и во иднина на креирање на активности за стратешка соработка со НВО-и од Кавадарци, СОС Детско село и бизнис заедницата, во насока на унапредување на вработливоста на младите од општина Кавадарци и Вардарскиот плански регион, подвлекоа од кабинетот на Јанчев. свд/мд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан