• среда, 24 јули 2024

Во Кавадарци се одржа поетски натпревар

Во Кавадарци се одржа поетски натпревар

Кавадарци, 24 мај 2024 (МИА) - Поетски натпревар се реализираше синоќа во Кавадарци, во организација на градската библиотека „Феткин“ и Милица Паулус. Со тоа, како што рекоа организаторите, се одбележува празникот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј. Беше нагласено дека се охрабруваат сите поети и љубители на пишаниот збор, да учествуваат во вакви и слични настани, што имаат за цел промоција на поезијата. Гранд при наградата ја доби Викторија Недева, ученичка во средното училиште „Ѓорче Петров“. 

- Во рамките на натпреварот, сите пријавени поети учесници ги прочитаа своите поетски творби, напишани на различни теми. Имавме најдобри песни во повеќе категории. За наградите, одлучуваше тричлено жири, појасни Влатко Тасев, професор по македонски јазик и член на жири комисијата. 

Организаторите најавија вакви и слични настани што ја афирмираат поезијата и за во иднина. свд/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан