Во Кавадарци пробиена и комплетно завршена нова улица
- Во Кавадарци е пробиена и комплетно завршена нова улица, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 11 декември 2023 (МИА) - Во Кавадарци е пробиена и комплетно завршена нова улица, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- За првпат Општина Кавадарци доби новопробиена улица во овој дел од градот. Станува збор за улицата ,,Лазо асијата’’ од муслиманските гробишта, до спој со улицата ,,Клинска", таа е комплетно завршена! Се работи за новопробиена улица, со поставени водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација на површина од 4.800 квадратни метри. Изградени се потпорни sидови и тротоари со цел стабилизација на истата, како и комплетно ново осветлување, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека ивестицијата е на Општина Кавадарци, во износ од 22.000.000 денари. свд/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев