• среда, 25 декември 2024

Во Кавадарци национална обука за истраги при случаи со труења на диви животни

Во Кавадарци национална обука за истраги при случаи со труења на диви животни

Кавадарци, 6 ноември 2023 (МИА) - Национална обука за истраги при случаи со труења на диви животни, се реализира денеска во Кавадарци, во организација на Македонското еколошко друштво. На обуката присуствуваат учесници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство, полицијата, правосудни органи, универзитетски експерти, граѓански здруженија, општински инспекциски служби и други.

Арта Старова од Македонско еколошко друштво, се осврна на проблемот со труење на диви животни низ светот и проектот Балкан Детокс LIFE.

Во своето обраќање, д-р Методија Велевски од Македонско еколошко друштво, говореше за последиците од незаконското труење на популациите на мршојадци во Северна Македонија.

Велевски информираше дека отровните мамки се најчесто применуваниот метод за истребување на предатори во руралните предели ширум светот. Тој се осврна и на типовите на труење. Отровни мамки за контрола на предатори, отровни мамки за контрола на подивени и бездомни кучиња, труење заради контрола на животни (родентициди), труење заради превенција на штети кај пчелари и отровни мамки за разрешување меѓусебни расправии.

Презентери од ДИЖС, беа Дарко Блинков, генерален инспектор за животна средина и Пејо Кировски, главен инспектор за заштита на природата. свд/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан