Во кавадаречко се поставува заштитна ограда покрај патиштата за безбедност во сообраќајот
- Во кавадаречко се поставуваат метални столбови за монтирање заштитна еластична ограда за безбедност во сообраќајот, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Кавадарци, 7 август 2023 (МИА) – Во кавадаречко се поставуваат метални столбови за монтирање заштитна еластична ограда за безбедност во сообраќајот, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
- Продолжува поставувањето на метални столбови за монтирање на заштитна еластична ограда, денес на патот од село Ресава кон Кавадарци, се со цел зголемена безбедност во сообраќајот.
Овој проект е во соработка со ЈПДП, односно оградата која е со вкупна должина од 6.000 метри е обезбедена како донација од нив, а Општина Кавадарци има обврска истата да ја монтира, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму додадоа дека изведувач на работите е фирмата „Кединг“ од Скопје, а ЈП „Комуналец“ Кавадарци е задолжено во делот на кастрење и косење. свд/ир
Фото: Кабинет на градоначалникот на Кавадарци