• сабота, 23 ноември 2024

Во кавадаречкото село Ресава продолжува вековната традиција на славење Василица

Во кавадаречкото село Ресава продолжува вековната традиција на славење Василица
Кавадарци, 14 јануари 2021 (МИА) - Во кавадаречкото село Ресава продолжува повеќевековната традиција на славење на Василица. Се спремаат џоломарски пишии,  а традиционално неколкумина мажи под маски со клопотарци и стапови прават врева и ги бркаат лошите духови, правејќи место за доброто, среќата и бериќетот. -Продолжува  традицијата во нашиот дом. Секоја година за Василица мојата сопруга Вера меси и сука пишии кои јас ги печам горе на шпоретот. Со нив се сладат џоломарите, но и гостите кои доаѓаат денес во селото, заедно со свинско пржено месо и колбаси. Така е отсекогаш. Нека е за многу години празникот, вели за МИА ресавецот Илија Биков, посакувајќи здравје и мир за сите. свд/бак/

Остани поврзан