• среда, 25 декември 2024

Во Иран по повод годишнината од раѓањето на пророкот Мухамед помилувани 3.780 затвореници 

Во Иран по повод годишнината од раѓањето на пророкот Мухамед помилувани 3.780 затвореници 
Техеран, 10 ноември 2020 (МИА) - По повод годишнината од раѓањето на пророкот Мухамед иранските власти одлучија да помилуваат 3.780 затвореници. Портпаролот на иранското Обвинителство,Гулам Хусеин Исмаил изјави дека 2.301 затвореник се пуштени на слобода, додека на другите им се намалена затворската казна. Меѓу ослободените осуденици се и 157 лица кои беа во затвор поради учество во недозволени протести изминатите години. Поради учество во протестоте во 2017, 2018 и во 2019 година на затворска казна осудени се стотици луѓе. Помеѓу помилуваните се и 16 затвореници од исламските држави. Согласно иранските закони, верскиот поглаварт има право да помилува затвореници по различни поводи, како што е годишнината од Исламска револуција. ми/

Остани поврзан