• сабота, 23 ноември 2024

Во Иран ослободена активистка за човекови права

Во Иран ослободена активистка за човекови права
Техеран, 8 октомври 2020 (МИА) – Иран ја ослободи од затвор Наргес Мохамади, истакната активистка за човекови права која водеше кампања против смртната казна. Судски претставник Садех Нијараки изјави дека Наргес Мохамади била ослободен доцна синоќа откако отслужила осум и пол години затвор. Таа беше осудена на 10 години затвор. Нијараки рече дека Мохамади е ослободена врз основа на законот кој дозволува намалена затворска казна доколку соодветниот суд се согласи со тоа. На Мохамади, кој е инженер и физичар, и беше доделена наградата Андреј Сахаров за 2018 година, со која се признава извонредно лидерство или достигнувања на научниците во поддршката на човековите права. јт/  

Остани поврзан