• вторник, 26 ноември 2024

Во Иран оваа година егзекутирани 700 луѓе

Во Иран оваа година егзекутирани 700 луѓе

Техеран, 28 ноември 2023 (МИА) - Седумстотини смртни казни се извршени досега оваа година во Иран, објави норвешката организација за човекови права Хенгау, цитирана од ДПА.

Според невладината организација „Иран Хјуман Рајтс“, во последните години во Иран годишно биле егзекутирани околу 600 луѓе.

„Иран Хјуман Рајтс“ неодамна објави дека во првите 10 месеци од оваа година во Иран е регистриран пораст на бројот на егзекуции.

Активистите за човекови права со години го критикуваа начинот на кој се применува смртната казна во Исламската Република. Сепак, нема официјални податоци за егзекуции, забележува ДПА.

Минатата година Иран погуби осум учесници во демонстрации.

Организациите за човекови права постојано изјавуваат дека иранската влада ги користи егзекуциите како „алатка за да ги потисне протестите и етничките малцинства“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан