• понеделник, 23 декември 2024

Во Иран над 17.000 луѓе починале од последици од Ковид-19

Во Иран над 17.000 луѓе починале од последици од Ковид-19

Техеран, 2 август 2020 (МИА) - Бројот на смртни случаи од последици од новиот коронавирус во Иран денеска се искачи над 17.000.

Во изминатите 24 часа починале 208 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 17.190.

Во истиот период потврдени се 2.685 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани со Ковид-19 изнесува 309.437.

Иранските власти на почетокот од јули воведоа задолжително носење на маски на јавни места, а претседтаелот Хасан Рохани на 15 јули изјави дека во земјата почнал вториот бран на епидемијата. ми/

Остани поврзан