• сабота, 28 декември 2024

Во Иран затворени повеќе од 150 трговски објекти и ресторани поради кршење на кодексот на облекување

Во Иран затворени повеќе од 150 трговски објекти и ресторани поради кршење на кодексот на облекување

Техеран, 16 април 2023 (МИА) – Иранските власти соопштија дека за 24 часа затвориле над 150 трговски објекти и ресторани бидејќи работничките не носеле хиџаб.

Затворањето уследи откако стапи во сила наредбата полицијата да ги користи надзорните камери за идентификација на жените кои не носат хиџаб, кој е задолжителен дел од женската облека од Исламската револуција во 1979 година.

Новата мерка стапува во сила откако се повеќе жени по минатогодишната смрт на Махса Амини, се спротивставуваат на задолжителниот кодекс на облекување.

Иранската полиција вчера најави дека почнува „внимателно планирани акции“ во јавниот простор, возилата и на „местата на кои понекогаш се соблекува хиџабот“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан