• четврток, 26 декември 2024

Во Индија илјадници луѓе вакцинирани со солена вода

Во Индија илјадници луѓе вакцинирани со солена вода

Њу Делхи, 6 јули 2021 (МИА) - Илјадници луѓе во Индија станаа „плен“ на разработена шема за измама која продава лажни вакцини за коронавирус и вакцинира луѓе, вклучувајќи лекари и медицински работници, соопштија денеска индиските власти.

Најмалку 12 лажни акции за вакцинирање се случиле во или во близина на Мумбај, во западно индиската држава Махарастра, изјави за Си-Ен-Ен Висал Такур, висок полициски службеник во Мумбај.

 - Тие користеа солена вода и инекции. Во секој лажен камп што го имаа, тие го правеа тоа, рече Такур.

Околу 2.500 лица примиле лажни вакцини, а организаторите за вакцинација им наплатиле на жртвите за вакцините, заработувајќи вкупно 28.000 долари.

- Ги уапсивме лекарите кои користеа болница што произведува лажни сертификати, шишиња, шприцеви, рече Такур.

Досега се уапсени 14 лица под сомнение за измама, обид за убиство, заговор и низа други кривични дела.

Индија беше погодена од втор бран на коронавирус помеѓу април и почетокот на јуни, што зарази милиони и уби десетици илјади луѓе низ целата земја. паг/

Остани поврзан