• понеделник, 16 декември 2024

Во израелски напад со дрон убиени две лица во јужен Либан

Во израелски напад со дрон убиени две лица во јужен Либан

Бејрут, 13 август 2024 (МИА) - Две лица загинаа денеска во израелски напад со дрон во јужен Либан, соопштија либански безбедносни извори.

Според Министерството за здравство на Либан, израелскиот напад бил насочен кон автомобил во близина на градот Бараашит во јужен Либан.

Засега не е познато дали жртвите се членови на проиранското движење Хезболах. Израелската војска изјави дека го истражува инцидентот.

Хезболах денеска ја презеде одговорноста за неколку напади на израелски цели во северен Израел.

Хезболах во Либан и Израел се вклучени во секојдневни престрелки од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.

Повеќе од 120 цивили се убиени, поголемиот дел од нив на либанската страна. ссм/

фото: архива

Остани поврзан