• сабота, 23 ноември 2024

Во израелските напади оштетени или уништени се околу 50 проценти од зградите во Појасот Газа

Во израелските напади оштетени или уништени се околу 50 проценти од зградите во Појасот Газа

Париз, 7 мај 2024 (МИА) – Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас до 21 април, според анализата на сателитските снимки на два американски истражувачи, уништени или оштетени се 56,9 проценти од зградите во Појасот Газа односно вкупно 160.000.

Според истражувачите најголемо разурнување имаше во првите три месеци од судирот.

Во првите шест недели од војната 60 проценти од здравствените институции се оштетени или разурнати.

УНИЦЕФ на 25 април објави дека 408 училишта се оштетени (најмалку 72,5 отсто), како и 61,5 проценти од џамиите се оштетени или уништени.

Според процените на ОН од почетокот на мај за обнова на Појасот Газа потребни се од 30 до 40 милијарди долари.

Во меѓувреме, палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во израелската офанзива преземена по 7 октомври минатата година, кога Хамас го нападна Израел, загинале 34.789 луѓе. Според податоци на Обединети нации, 70 отсто од жртвите се жени и деца. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан