• петок, 05 декември 2025

Во израелските напади во Појасот Газа загинаа најмалку 55 лица, меѓу нив и шестчлена фамилија

Во израелските напади во Појасот Газа загинаа најмалку 55 лица, меѓу нив и шестчлена фамилија

Газа, 24 април 2025 (МИА) – Најмалку 55 лица, меѓу кои и шестчлена фамилија, загинаа утрово при израелските воздушни напади врз Појасот Газа, го соопштија вечерва палестински претставници новиот биланс на жртвите.

Индонезиската болница во Џабалија објави дека примила девет тела по нападот на полициска станица во овој град на северот од палестинската територија.

Израелската армија потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта биле „терористи кои дејствувале од команден и контролен центар на Хамас и Исламски џихад“.

Во друг воздушен напад, врз куќа во северниот дел на градот Газа, убиена е шестчлена фамилија – брачен пар и нивните четири деца, соопштија од Цивилната одбрана. Во истиот напад, загинале и уште шест други лица.

Во неколку други напади, особено во Кан Јунис, Ал Заваида и градот Газа, загинаа најмалку 40 лица. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан