• сабота, 23 ноември 2024

Во израелските напади во Газа загинаа најмалку седум лица, жителите на јужен Либан ги напуштаат своите домови

Во израелските напади во Газа загинаа најмалку седум лица, жителите на јужен Либан ги напуштаат своите домови

Газа, 24 септември 2024 (МИА) - Палестинските власти утринава соопштија дека во израелските напади во градот Кан Јунис во Газа загинале најмалку седум лица, а 15 се повредени, меѓу кои има и жени и деца.

Во меѓувреме, израелските вооружени сили најавија дека ќе направат „се што е потребно“ за да го потиснат Хезболах од границата на Либан со Израел.

Двете страни меѓусебно се гранатираат од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас. Израел вчера изврши стотици воздушни напади во јужен и источен Либан, при што загинаа речиси 500 луѓе, а повеќе од 1.600 беа повредени.

Илјадници жители на јужен Либан ги напуштија своите домови и предизвикаа сообраќаен метеж на главниот автопат кон Бејрут, што претставува најголемиот егзодус на луѓе од јужниот дел на земјата војната од војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

Според информациите од израелските вооружени сили, групата Хезболах синоќа истрелала повеќе од 100 проектили кон Израел. Гранати навлегле длабоко во израелска територија, вклучително и околу северниот град Хаифа и делови од окупираниот Западен Брег. Повеќето од нив беа пресретнати. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан