Во изминатото деноноќие произведени се 10.442 MWh електрична енергија
- АД ЕСМ на 23.04.2023 година произвело 10.442 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални држави субјекти.
Скопје, 24 април 2023 (МИА) - АД ЕСМ на 23.04.2023 година произвело 10.442 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални држави субјекти.
Како што соопштија од владината прес-служба, во Термоелектраните произведени се 8.322 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.120 мегават часови.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.400 мегават часови електрична енергија.
Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 23.04.2023 година. цр/сп/
Фото: Влада на Република Северна Македонија