• понеделник, 16 декември 2024

Во изминатото деноноќие ангажирани 535 полициски службеници во активности и превенции од пожари

Во изминатото деноноќие ангажирани 535 полициски службеници во активности и превенции од пожари
Скопје, 25 август 2021 (МИА) – Во изминатото деноноќие, во активностите за гаснење и превенција од пожари на територијата на Република Северна Македонија, ангажирани се 535 полициски службеници. Реализирани се 214 мото-патроли, користени се 160 моторни возила. На терен се вклучени и сите специјални единици на полицијата, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека на 23 август 2021 година, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Н.(73) од Скопје за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Лицето Т.Н. на 11 август оваа година, околу 14:20 часот е забележано во неговото дворно место во с. Секирник, каде за кусо време настанал пожар. Од Министерството соопштија дека биле опожарени дрвја, трева и дрвена бандера во близина на дворното место на пријавениот. Министерството за внатрешни работи апелира да се почитува забраната за движење во шумските предели, а граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите. Апелираат да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не се оставаат стаклени шишиња и други предмети што подолго време изложени на сонце предизвикуваат пожар. ки/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан