• среда, 25 декември 2024

Во Замбија отфрлено обвинението за трговија со деца против четири хрватски двојки

Во Замбија отфрлено обвинението за трговија со деца против четири хрватски двојки
Ндола, 6 февруари 2023 (МИА) - Судот во Ндола, Замбија денеска го отфрли обвинението против хрватските државјани за трговија со деца и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

Четири двојки од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во Ндола, третиот по големина град во Замбија, под сомнение за трговија со луѓе, односно поради сомнение за валидност на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго.

Тие се обвинети за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи. Пред две недели тие беа пуштени од притвор да се бранат од слобода откако ги исполнија сите услови поставени од судот. По отфрлањето на обвинението, осумте Хрвати мора да ја напуштат Замбија во рок од 48 часа.

„За време на враќањето во Хрватска, како и во текот на целата досегашна постапка, надлежните органи на хрватските граѓани ќе им ја пружат сета потребна помош“, се вели во соопштението на хрватското МНР.

Се уште не се знае што ќе биде со децата кои четирите двојки ги посвоија, а кои им беа одземени по подигнувањето на обвинението. ссм/ 

 

Остани поврзан