• понеделник, 23 декември 2024

Во женскиот фудбал трета година по ред првак е ЖФК Љуботен од Тетово

Во женскиот фудбал трета година по ред првак е ЖФК Љуботен од Тетово

Тетово, 1 јуни 2024 (МИА) – Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово трета година по ред го подигнаа шампионскиот пехар, а втора година по ред го добија и Куп-пехарот или двојна титула. Минатата сабота со победата во последното 27 коло ЖФК Љуботен успеа да ги освоите последните три бодови, или еден повеќе од најголемиот конкурент Каменица Саса. Тетовската екипа и во купот ги победи конкурентите од Македонска Каменица.

Потпретседателот и тренер на првата екипа, Драгољуб Јовановски вели дека успехот годинава, е поради квалитетните фудбалерки кои ги имаат во нивните редови. Главниот костур на екипата се пет Бразилки и десетина македонски сениорски и младински репрезентативки.

-Од 16 играчи во ростер можеше која било да игра во прва екипа. Се случија пехови, се повреди Бразилката Присила и тоа во последните неколку кола, а беше главен гол играч. Се повредија и другите Бразилки, па товарот го понесоа нашите домашните играчи. Ние го собираме квалитетот, имаме четири сениорска репрезентативки, потоа три девојки кои се дел репрезентација под 19 години, под 17 имаме две, под 15 една. Што значи сите фудбалерки ние се репрезентативки, објаснува Драгољуб Јовановски.

Според него во иднина тешко ќе биде оваа успешна приказна да продолжи да трае поради високите трошоци со кои се соочуваат.

-Првата година трошоците беа далеку помалку. Платите за Бразилките беа 500-600 евра, а сега двојно и повеќе. Што значи буџетот нас ние е 160 до 180 илјади евра, што за мене како единка е премногу голема. Дел од средствата ни стигаат преку ФФМ, дел од Лига на шампиони, дел од ваучери но не се доволни за да се покрие се. За да продолжи приказната нас ни се потребни да најдеме спонзори, да покријат дел од таа сума. Општината не дава средства. Разочарани сме комплетно од градоначалникот. Пред изборите дојде се сликаше со нас, ни ветуваше, се надевавме дека сака да помогне. Нула денари финансиска помош. Она што е сатисфакција да честита титула и тоа го нема. Ни на негов Фејсбук, ни на општината Фејсбук. Лично да посака не постои, само ако лобира некој, вели тренерот.

Тој се надева дека ќе бидат поедноставни критериумите за добивање на средства преку ваучери од државниот буџет како што е најавено.

-Колку што знам од април има промена на закон и поедноставни критериуми. Средствата од фирмите дадени за ДДВ, директно на сметка на клубови ќе доаѓаат, два пати годишно. Септември и ноември. Ако ги нема ќе биде катастрофа, многу клубови ќе згаснат. Наш машки клуб се базира на ваучер, што значи многу тешко, вели Јовановски.

Следен предизвик за ЖФК Љуботен е претквалификацискиот турнир за Лига на шампиони,

-Ждрепката е на 5 јуни во Нион, Швајцарија. Системот е турнир група предквалификациска група и се оди во главната квалификациска група, има екипи што може да се носиме, има екипи што и да направиме ништо не можеме да направиме. Но ако се случи да влезе во главниот квалификациски турнир, многу ќе значи за нашиот клуб и од финансиски и од натпреварувачки карактер, вели Драгољуб.

Желбите и целите на ЖФК Љуботен е да се направи свој тренинг центар, затоа што во Тетово сите сениорски екипи и младински категории тренираат само на игралиштето на Агенцијата за млади и спорт со вештачка трева.

Годинава од 27 натпревари ЖФК Љуботен победи во 23, три пати играше нерешено и имаше само еден пораз од Каменица Саса. Тетовските девојки дадоа 121 гол, а примиле 19 или позитивна гол-разлика од 102 гола. Второпласираната Каменица Саса од 27 натпревари има 22 победи и пет нерешени дуели, без ниту една пораз. Гол разлика 81:16 или +65 голови. ас/ир

Фото: ЖФК Љуботен

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан