• недела, 22 февруари 2026

Во Женева почнаа трилатералните преговори за Украина

Во Женева почнаа трилатералните преговори за Украина

Женева, 17 февруари 2026 (МИА)  - Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина почнаа денеска во хотелот „Интерконтинентал“ во Женева, изјави извор за руските медиуми.

Состаноците ќе се одржат денес и утре, 18 февруари.

Руската делегација во Женева ја предводи помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, ќе присуствуваат на состанокот за мировниот процес за Украина, тие се на чело на американската делегација.

Украинската делегација ја предводи шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов.сд.мс/

Фото:МИА архива

Остани поврзан