• вторник, 24 декември 2024

Во ЕУ рекорден број измами поврзани со маслиновото масло

Во ЕУ рекорден број измами поврзани со маслиновото масло

Лондон, 29 јули 2024 (МИА) - Рекорден број потенцијални измами и случаи на погрешно означување на маслиновото масло се забележани во првиот квартал од годинава во земјите од Европската Унија.

Цената на маслиновото масло е повеќе од двојно зголемена во однос на 2018 година поради различни фактори, повеќегодишната суша и маслиновите насади погодени од екстремните временски услови.

Како што растеше цената, растеше и бројот на „прекугранични известувања на ЕУ“, кои вклучуваат погрешно означување на производите, потенцијални измами и безбедносни случаи кои вклучуваат контаминирани масла, пишува „Гардијан“.

Во првиот квартал од 2018 година, ЕУ забележа само 15 вакви случаи. Во првите три месеци од годинава бројот на неправилности се зголеми на рекордни 50 случаи, што според објавените податоци, е за три пати повеќе.

Сепак, овие случаи се само оние кои државите-членки ги откриле и пријавиле до Генералниот директорат за здравство на ЕУ. Бројот не ги опфаќа домашните случаи, а вистинскиот обем на измамата веројатно е многу поголем. рп/

Фото: ЕПА



Остани поврзан