• сабота, 27 јули 2024

Во Европската куќа на млади во Велес се одржа музичка работилница за лица со попреченост

Во Европската куќа на млади во Велес се одржа музичка работилница за лица со попреченост

Велес,10 август 2023 (МИА) - „Beyond Labels“ e музичка работилница која денеска се одржа во Европската куќа на млади во Велес, организирана во соработка со Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.

Од Европската куќа за млади во Велес за МИА, информираат дека музичката работилница ја водел музичарот Сашко Костов вработен во велешкиот театар. Тој младите од ова здружение ги запознал со различни инструменти, класични и импровизирани и начинот на кој се свири на нив. Со тоа, Костов на овие млади на најубав начин им ја приближил музиката.

Како што посочуваат од Европската куќа во Велес, работилницата ја постигнала целта, а тоа е лицата со попреченост да добијат можност да ја почувствуваат музичката искра и да бидат дел од истата.

Воедно организаторите, најавуваат и организирање на нови музички и секаков вид на работилници и заедничко дружење за овие и останатите млади од градот. ад/цр

Фото: МИА

 

Остани поврзан