• сабота, 23 ноември 2024

Во домашен притвор испратени неколку шефови на италијанската мафија поради Ковид-19

Во домашен притвор испратени неколку шефови на италијанската мафија поради Ковид-19
Рим, 27 април 2020 (МИА) - Поради пандемијата на Ковид-19 неколкумина шефови на италијанската мафија со двоцифрени пресуди се ослободени и се наоѓаат во домашен затвор. Тоа го соопшти обвинителот одговорен за борба со мафијата и тероризам, Федерико Кафиеро де Рао. Целта на властите во Италија е да се заштитат затворениците. Владата не гледа друг начин да ги заштити затворите од пандемијата, освен да пушти некои затвореници. Во домашен притвор се наоѓаат тројца членови на италијанската мафија, но на списокот со ослободени мафијаши веројатно се наоѓаат уште дваесетимина, објави Си Ен Ен. Засега дома се испратени 78-годишниот влијателен член на Коза ностра, Франческо Бонура, 65-годишниот Винченцио Јанацо од кланот Ндрангета и еден од босовите на кланот Казалеси, Пасквале Загарија. Последниот отслужува 20-годишна затворска казна од 2007 година, Јанацо е осуден на 14 години затвор во 2018 година, додека Бонура е осуден на 23 години затвор пред само девет месеци. Во италијанските затвори се наоѓаат 74 влијателни мафијаши кои се над 70-годишна возраст. гт/

Остани поврзан