• вторник, 17 декември 2024

Во Делчево се реконструира цевковод кој води до резервоарот за вода на месноста Чука

Во Делчево се реконструира цевковод кој води до резервоарот за вода на месноста Чука
Делчево, 19 април 2023 (МИА) - Во реонот на Старо Делчево во тек се градежни работи за реконструкција на потисниот водоводен цевковод кој води до резервоарот за вода на месноста Чука. Интервенцијата како што информираа од Општината има за цел отстранување на штетните по здравјето азбестни цевки, како и превенирање на  дефектите на мрежата и загубите на вода.
 
-Согласно со проектот на улицата Острец во Старо Делчево се заменува старата азбестна водоводна линија во должина од 450 метри со полиетиленски црева фи-225 и со притисок од 16 бари, информираа од Општината
 
Реконструкцијата на потисниот цевковод е дел од проектот за реконструкција на водоводната мрежа во три населби во градот со вкупна должина од 4,5 километри.
 
-Во рамките на проектот се реконструираше и водоводната мрежа во дел од населбата Ново Делчево со должина од 1,8 км и во населбата Милково Брдо, каде се изврши замена на старата дотраена водоводна инсталација во должина од 2,3 километри, додадоа од Општина Делчево.
 
Инвестицијата на проектот е 18,8 милиони денари. Дел од нив во висина од 15 милиони денари е инвестиција преку Министерството за транспорт и врски, додека 3,5 милиони денари е учество на Општина Делчево. Градежните работи ги извршува фирмата „Панел-М“ од Тетово. вс/дма/
 
Фото: МИА

Остани поврзан