• среда, 25 декември 2024

Во Делчево се одржа традиционалната Велигденска изложба

Во Делчево се одржа традиционалната Велигденска изложба

Делчево, 2 мај 2024 (МИА) - Во Делчево денеска се славеше традицијата поврзана со Велигден која на виделина ги извади сите креативни идеи на домаќинките поврзани со овој голем христијански празник кој е симбол на победата на животот над смртта. 

Cпакувани во „Велигденска изложба“ на над десет штандови беа изложени илјадници велигденско украсени јајца, најразлични велигденски декорации и украси со што се продолжи традицијата поврзана на Велики четврток. 

-Свои велигденски декорации изложија: ООУ „Ванчо Прке“, ООУ „Св. Климент Охридски“, СОУ „М.М.Брицо“, детската градинка „Весели цветови“, Дневниот центар за лица со посебни потреби, ФГ „Копачка“, вработените во ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Младинскиот совет при Општина Делчево, Здружението САРАФИНА, а свои изработки имаше и Невенка Младенова Петрова, информираа од Општината 

Комисијата и оваа година имаше тешка задача да ги додели наградите за трите најдобри декорации.

-Одлуката падна првата награда да ја добие СОУ „М.М.Брицо“, втората ја додели на детската градинка „Весели цветови“, додека третата ја доби ЈЛБ „Илинден“, а сите учесниците добија благодарници за учество на „Велигденската изложба 2024“.

На настанот свој музички настап имаа Иван Тренчевски и Магдалена Гоцевска како дел од активноста од проектот Направи разлика, имплементиран Фондација за развој на локалната заедница - Штип финансиран од американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Локален партнер и имплементатор н акцијата е Здружението Регионален центар за застапување и „Младинска банка“.

Градоначалникот Горан Трајковски на граѓаните на Делчево им го честиташе празникот, напоменувајки дека Велигден е најубавиот христијански празник на љубовта, на мирот и на животот. вс/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан