Во Делчево се одржа едукативна работилница во рамки на кампањата „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“
- Организација „Жена" од Делчево денеска организираше едукативна работилница во рамки на одбележувањето на меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“.
Делчево, 10 декември 2024 (МИА) - Организација „Жена" од Делчево денеска организираше едукативна работилница во рамки на одбележувањето на меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“.
На настанот присуствуваше и Никол Варнс, заменик амбасадор на САД во земјава, која поздравувајки го настанот пред присутните млади потенцираше дека главната порака која треба да се упати од ваквите настани е поддршката на жртвите на семејно насилство.
-Насекаде се чувствува дури и овде во Делчеви се смета дека насилството е дел од животот. Понекогаш се случува да мислиме дека тоа е прифатливо но знаеме дека не е такa и затоа зависи од нас да ги смениме тие лоши идеи. Кога луѓето искусуваат или се жртви на насилство, не треба само да се знае дека тие се жртви, туку им треба и поддршка. И затоа Организација Жена се тука да можат да им помогнат, истакна Варнс.
Заблагодарувајки се за поканата за учество на настанот, заменик амбасадорката додаде дека за неа главната инспирирација за младите треба да биде самиот факт што тие ја имаат моќта да ја направат промената во однос на ваквите теми, кои се доставен дел од секојдневието.
-Иднината е во ваши раце и затоа ми е мило што сте тука како активисти. Ова не е проблем само кој ги тангира жените, туку е проблем на човештвото. Насилството ги опфаќа сите, нашите мајки, сестри, баби. Тоа влијае врз семејството и општеството и затоа младите играат многу голема улога да го запрат насилството и да ја предизвикаат промената. Со работење заедно можеме да сосздадеме свет во кој скеој ќе се чувствува безбеден, без разлика на пол и возраст, додаде Варнс.
Зоран Биковски од Организацијата „Жена" како домаќин на работилницата најави дека активностите продолжуваат со дебати со младите.
-Со оваа едукативна работилница којс ќе даде своевиден придонес на кампањата 16 дена борба против семејно насилство, не застануваме тука. Ќе имаме дебата каде младите ќе дебатираат, кои денеска беа малку помолчеливи, затоа што беа тука за да научат. Меѓутоа верувам дека младите на дебатата ќе бидат гласни. Благодарност до заменик амбасадорот на САД, кои се редовни наши поддржувачи и верувам дека младите ќе продолжат да бидат активни за достоинствен живот и еднаков за сите граѓани на општина Делчево, додаде Биковски.
Пред присутните свое излагање имаа и претставници на МВР, локалното собрание на млади и лице од областа на Гешталт терапијата. вс/фф/
Фото: МИА