• понеделник, 18 ноември 2024

Во Делчево се е подготвено за втората „Ендуро-Оф роад“ трка

Во Делчево се е подготвено за втората „Ендуро-Оф роад“ трка
Делчево, 12 ноември 2022 (МИА) - Во Делчево се е подготвено за утрешната „Ендуро-Оф роад“ трка, која поради лошите временски услови кои го зафатија регионот минатата недела, беше презакажана за овој викенд. Виктор Стојановски, претседателот на здружението Мото клуб „Ендуро Тим“ - Делчево, кој е организатор на настанот информираше дека трката ќе се одржи во неколку категории за што се обезбедени соодветни награди. -Веќе се е подготвено за настанот кој утре (13.11.2022) ќе се одржи на соодветно подготвена патека над манастирскиот комплекс „Балаклија“, која се наоѓа на околу еден километар од Делчево. Учесниците ќе се натпреваруваат во 5 дисциплини од кои кросови до 250 и над 250 кубика, АТВ и УТВ како и џипови до 2500 и над 2500 кубици. За сите се предвидени награди и благодарници, истакна Стојановски. Здружението Ендуро Тим, како што додаде претседателот на делчевскиот мото-клуб од година во година го зголемува своето членство, а во последно време се поголем е бројот на млади вљубеници во овој адреналински спорт. -На почетокот броевме околу 20 члена, а сега тој бро ќе е далеку поголем. Се собираме на оваа стаза секоја година ја правиме да биде се поинтересна. Апелираме до сите граѓани на Делчево и околината да дојдат утре, да видат еден адреналински спорт кој сакаме да го провоираме, додаде Стојановски. Никола Дончевски е еден од помладите членови на клубот кој вели дека за да се постигне добар резултат треба голема претпазливост при движењето на самата патека. -Две години возам мотор и за годинешната патека можам да кажам дека не е лесна итреба максимално да се биде внимателен, за да се постигне добар резултат. Инаку во нашето здружение од година во година има се повеќе млади кои сакаат ваков вид на спорт, рече Дончевски. За ендуро-оф роад трката во Делчево најавени се гости и учесници од повеќе градов во Источна Македонија. -Јас сум од Виница имам 16 години, а веќе 5 години возам мотор. Најважно од  се на ваквите натпревари според мене е дружбата. На годинешната трка ќе настапам со КТМ 250 209 година и очекувам добар резултат, кажа Јован Костадинов, учесник од Виница. Втората по ред Ендуро и оф-роад трка како што додадоа организаторите се организира со поддршка на локални спонзори. вс/лв/

Остани поврзан