• сабота, 23 ноември 2024

Во Делчево продолжува мирниот протест поради две неисплатени плати на дел од вработените во комуналното претпријатие ,,Брегалница"

Во Делчево продолжува мирниот протест поради две неисплатени плати на дел од вработените во комуналното претпријатие ,,Брегалница

Делчево, 14 ноември 2024 (МИА) - Со мирен протест поголем дел вработени во ЈКП „Брегалница" Делчево денеска повторно го изразија својот револт поради две неисплатени плати. Во соопштението до медиумите претседателот на синдикалната организација при ЈКП „Брегалница" Дарко Гоцевски ја информираше јавноста дека протестот е со цел да покажат дека нема да отстапат од своите барања.

- Денес вработените во ЈКП Брегалница-Делчево изразија уште еден мирен протест во кругот на претпријатието поради незадоволството од две неисплатени плати до сега. И покрај барањето од страна на Синдикалната организација до советот на општина Делчево и градоначалникот, за решавање настанатите проблеми, т.е. финансиска помош за редовна исплата на платите, истите немаат слух ниту желба да превземат некакви чекори, истакна Гоцевски.

Потенцираше доколку не се реши овој проблем во најскоро време како синдикална организација нема да застанат тука, туку секојдневно ќе реагираат преку сите надлежни институции за исполнување на нивните права согласно закон и колективен договор. 

За неисплатените плати на вработените во комуналното претпријатие денеска во рамки на последната точка наменета за прашања на советниците, се дискутираше  и на 41-та седница на делчевскиот совет, при што беше посочено до директорот и вработените да се достави материјал за да се разгледа состојбата и во рамки на Советот да се донесе одлука на кој начин да се помогне оваа состојба да биде надмината. вс/цр


Фото:  МИА
 

Остани поврзан