• петок, 08 ноември 2024

Во Делчево прикажана театарската претстава ,,Веселинови" на Драмското студио ,,Бронзена наметка"

Во Делчево прикажана театарската претстава  ,,Веселинови

Делчево, 5 јуни 2024 (МИА) - Во Делчево вечерва бепе прикажана комичната драма „Веселинови" во изведба на Драмското студио „Бронзена наметка" од Штип. Главните улоги ги толкуваа актерите Оле Поцкова и Игор Стојанов - Баркли, кои преку текстот на Трајче Кацаров го претставија животот на едно македонско семејство, кое опстојува во денешните тешки општествени услови.

-Јас го играм ликот на Весела, Игор го игра ликот на Веселко, тоа се типични примероци на едно македонско семејство кое што опстојува во овие тешки општествени услови. Ова е огледало на македонската реалност и ние така сакавме да ја претставиме. Нашите ликови се повеќе контрадикторни отколку противречни, на час се комични, на час се сериозно тажни, истакна Поцкова.

Идејата за да се направи претставата заппчнала окплу Нова година, а самите актери интензивно ја подготвувале околу сва месеци. 

-Потоа дојде премиерата и ете сега ја шириме културата низ Македонија. Многу ни е мило што еве во Делчево после толку време се прикажува една театарска претстава, додаде Стојанов - Баркли. 

Методи Толевски, програмски директор на Националната установа Центар за култура Никола Јонков Вапцаров зафоволен и изненаден од присуството на публиката сум додаде дека ова за установата е огромна мотивација да продолжи и понатаму да организира вакви претстави. Воедно ја искористи приликата да го најави концертот кој по повод Светскиот ден на културата.ќд се одежи на 10 јуни во Делчево. вс/лв/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан