Во Делчево заврши Буџетскиот форум за креирање на општинскиот Буџет за 2025 година
- Во Делчево заврши Буџетскиот форум за креирање на Буџетот на Општина Делчево за наредната 2025 година. На втората форумска сесија активно учествуваа претставници од месните и урбаните заедници, од граѓанскиот сектор и институции.
Делчево, 7 декември 2024 (МИА) - Во Делчево заврши Буџетскиот форум за креирање на Буџетот на Општина Делчево за наредната 2025 година. На втората форумска сесија активно учествуваа претставници од месните и урбаните заедници, од граѓанскиот сектор и институции.
Согласно со гласањето според изработената предлог-листа на приоритети како што имформираше Тони Стоименовски од Општина Делчево, најмногу гласови доби проектот за обезбедување на просторија и буџет за Младински центар, како прв приоритет за граѓаните на Делчево за реализација.
-Според освоените бодови, се селектираше и листа од повеќе приоритетни проекти меѓу кои обезбедување повеќе финансиски средства за граѓанските здруженија и спортските клубоби, пристапен рампи-лифт во ООУ „Ванчо Прке", посторно прашање за ФГ „Копачка", Дом за стари лица, обезбедување на простор или изградба на Куќа на спортот, прочистување на патишта во селата Драмче, Селник и Ветрен, реконструкција и изградба на нови детски игралишта, изградба на затворен базен, чистење на дива депонија кај река Желевица во село Тработивиште и уредување на просторот, обновување на детско игралиште кај Подрачното училиште во село Тработивиште и изградба на ул. „Петрашевска“ во населба Стрелиште, информираше Стоименовски.
Целта на организација на форумите како што додаде е граѓанско учество во процесот на донесување на одлуки, во случајот, приоритетните проекти за реализација за наредната година, а Општина Делчево почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги предложените приоритети ќе ги предвиди за реализација.
-Сите предложени проекти како што додаде тој ќе бидат земени предвид, а нивната реализација нема да зависи од ранг-листата, туку од техничката изводливост и финансиските капацитети на Општината, додаде Стоименовски.
Со одржувањето на третата форумска сесија заврши форумскиот процес за креирање на буџетот за 2025 година на Општина Делчево во кој активно учествуваа граѓаните. вс/дма/
Фото: МИА