Во Дебрца изборниот процес се одива непречено, до 11 часот излезноста 13,99 проценти
- Текот на гласањето и целиот изборен процес во Дебрца се одвива тековно и без проблеми, без забелешки за какви било нерегуларности.
Охрид, 2 ноември 2025 (МИА) – Текот на гласањето и целиот изборен процес во Дебрца се одвива тековно и без проблеми, без забелешки за какви било нерегуларности.
Според ОИК, на 22-те избирачки места до 11 часот правото на глас го оствариле 13,99 отсто од граѓаните. Тоа е речиси идентично на излезноста во првиот круг од изборите пред две седмици кога таа изнесуваше 13,81 проценти. аб/вј/
Фото: МИА