• недела, 22 декември 2024

Во Дебар се одржа манифестацијата „Ден на кечето“

Во Дебар се одржа манифестацијата „Ден на кечето“

Дебар, 20 октомври 2024 (МИА) - Во Дебар за првпат се одржа националната манифестација Денот на кечето (Dita e Plisit) во организација на локалното културно уметничко друштво „Дибра е Маде“ (Голем Дебар) и здружението „Пелазгет“ од Тетово.

- Учесници имаме од неколку градови од албанските простори, како што гледате со бели капи на главите но има и во народни носии. Ваква манифестација за првпат се одржува во нашиот град, рече Миче Дука, претседател на дебарското КУД.

На плоштадот „Скендербег“ изиграа неколку народни ора, продефилираа низ градот, а дел од нив заедно со домаќините се фотографираа и пред статуата на албанскиот патриот Елез Исуфи.

Во Националната установа Центар за култура, беше одржан концерт, а присутните ги поздравија градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука и претседателот на дебарското друштво Миче Дука, кој порача дека „зачувувањето на националните традиции, особено од младата генерација, има големо значење“.

Кече или бела капа традиционално носат Албанците. Широко прифатена е низ териториите населени со Албанци, и денес е дел од традиционалната албанска носија. Висината и формата на капата се разликуваат во однос на населеното место. Кечето се изработува од едно парче волнен филц и необоен памук. вт/ев/

Фото: МИА/КУД „Голем Дебар“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан