• среда, 25 декември 2024

Во Дебар и Центар Жупа за гласање се пријавиле 39 болни и изнемоштени лица

Во Дебар и Центар Жупа за гласање се пријавиле 39 болни и изнемоштени лица
Дебар, 10 октомври 2021 (МИА) - До синоќа на полноќ, до кога беше крајниот рок, во општините Дебар и Центар Жупа, барање да го остварат своето право на глас на 16 октомври, ден пред изборите, поднеле 39 болни и изнемоштени лица. Наспртоти нив, до денес во двете општини не е пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или во изолација, иако активни на болеста во двете општни се 63 лица. Пријавувањето за нив завршува утре на полноќ. - Барање, правото на глас да го остварат во своите домови, имаат доставено 21 болно и изнемоштено лице. Докоментите ги разгледуваме по што ќе се знае точниот број. До денес нема пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 ниту пак лица во изолација, изјави за МИА, Маџиде Атипи, претседателка на Општинската изборна комсија за општина Дебар. Во оваа општина на 17 октомври ќе се гласа на 27 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат над 17 илјади граѓани. Според Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија за општина Центар Жупа, за гласање во сабота, се пријавиле 18 болни и изнемоштени лица. - Иако крајниот рок завршува утре на полноќ, до денес, за гласање не е пријавено ниту едно заразено или лице во изолација. Во нашата општина, ќе се гласа на 16 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 7.317 лица со прав на глас, информираше Илјаз за МИА. Првите луѓе на ОИК информираа дека сите неопходни мерки и активности се преземени и оти избирачките места имаат услови за нормален изборен тек. Дезинфекција ќе се врши во сабота и во недела по затворање на избирачките места. Навреме е завршена и обуката на 430 членови на избирачките одбори. вт/мс/

Остани поврзан