• понеделник, 22 јули 2024

Во Дебар зачестена кражба и оштетување на сообрајќајни знаци, на капаци од столбови од уличното осветлување

Во Дебар зачестена кражба и оштетување на сообрајќајни знаци, на капаци од столбови од уличното осветлување

Дебар, 7 мај 2023 (МИА) - Надлежните од локалната власт на Дебар предупредија на зачестена појава на кражба и уништување на сообрајќајните знаци, како и кражба на капаци од електричните столбови од уличното осветлување низ градот.

- Деновиве во нашиот град зачестена е појава на кражба и оштетување на сообрајќајните знаци. Случаите ќе бидат изнесени до надлежните органи и се надеваме дека сторителите што поскоро ќе бидат откриени и ќе ја добијат заслужената казна, преупредуваат од општината.

На веб страницата на општината е објавена фотографија од сообрајќајниот знак откачен и фрлен на земја од непознати лица и негово поставување од страна на работниците на општината.

Во денешната објава се посочува исто така за кражба на капаците на столбовите за јавно осветлување.

- Општинскиот инспектор ќе ја пријави оваа појава до надлежните органи за да ги преземат соодветните законски мерки, но најдобра превентивна мерка е високата совесност на граѓаните во однос на зачувувањето на општествениот имот. СТОП на уништувањето, стои во објавата на Општина Дебар. вт/цр

Фото: Општина Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан