• петок, 19 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Дебар затекнати малолетници со рачно изработени цигари со марихуана

Во Дебар затекнати малолетници со рачно изработени цигари со марихуана

Дебар, 2 август 2025 (МИА) - На спортскиот полигон во Дебар, полициски службеници затекнале малолетници со рачно изработени цигари со марихуана, при што е приведено и едно полнолетно лице.

-Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи денеска во еден часот  го лишија од слобода А.С.(18) од Дебар а приведени се пет малолетници, сите од Дебар, каде во присуство на нивните родители, адвокат за малолетници и претставници од Центарот за социјални работи извршен е разговор, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Притоа, родителите биле информирани дека при извршени контроли, нивните деца се затекнати на спортскиот полигон и пронајдени им се рачно изработени цигари со марихуана.

По целосно расветлување на настанот, ОВР-Дебар, во консултација со јавен обвинител, ќе поднесе соодветна пријава и известувања. вт/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан