• среда, 25 декември 2024

Во Дабниште поставена патна и туристичка сигнализација 

Во Дабниште поставена патна и туристичка сигнализација 

Кавадарци, 10 ноември 2023 (МИА) - Самовилска чешма, улица „Кемал Мустафа - Ататурк", винарија, рибник, вила, се само дел од патната и туристичка сигнализација поставени во кавадаречкото село Дабниште.

- Село Дабниште се наоѓа во внатрешноста на Тиквешијата и е прво кое доби имиња на улиците, согласно истакнатите жители кои што дале свој придонес за развојот на самото село. Денес се постави патна и туристичка сигнализација како и информативна табла пред влезот, со што село Дабниште е можеби првото во Македонија кое не е приградско, а се стекна со ваков тип на интерна, патна и туристичка сигнализација, соопшти Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Оттаму информираат дека планот на Општината е сите 36 села што се протегаат на кавадаречка територија да добијат ист третман, со цел развој на алтернативниот и руралниот туризам. свд/мч/

фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан