• петок, 08 ноември 2024

Во грчкиот Парламент доставен законот за додаток од 2000 евра за секое новороденче

Во грчкиот Парламент доставен законот за додаток од 2000 евра за секое новороденче
Атина, 15 јануари 2020 (МИА) - Во рамки на предлог законот од Министерството за труд и социјални работи на Грција, што денеска беше доставен во грчкиот Парламент, меѓу другото, вклучена е и новата мерка на владата – додаток од 2000 евра за секое новороденче од 1 јануари 2020, јави дописничката на МИА од Атина. За добивање на додатокот што ќе се исплаќа на две рати по 1000 евра, потребно е да се исполнат одредени критериуми, меѓу кои и годишниот приход на семејството да не биде над 40 илјади евра, мајката да е со легален и постојан престој во Грција, а доколку е од трета земја, потребно е најмалку 12 години да живее во Грција пред поднесувањето на барањето за додатокот. Додатокот за новороденчињата не припаѓа во категоријата приходи и е ослободен од секаков дополнителен данок. ср/ссм/

Остани поврзан